Histoire

2703 mots 11 pages
Мистериите на карпите и ѕвездите
Возбудливи репортажи за нашата земја на „Јаху" на големиот авантурист Ричард Бенгс ,
Мистериите на карпите и ѕвездите ,
Средбата на сонцето и планината во Кокино претставува брак на два бога
Каде почнаа науката и религијата? Двајца мажи во сино стоејќи на една планина во североисточна Македонија тврдат дека тоа почнало од тука, во античкиот свет храм наречен Кокино. Само пред пет години археологот Јовица Станковски и астрофизичарот Ѓоре Ценев копаа низ остатоците од бронзената ера во близина на врвот од оваа неовулканска планина висока 1.000 метри кога забележаа одредени засеци во гребенот кои беа израмнети со позицијата на сонцето и месечината во нивното сезонско извишување. Една година подоцна, пронајдокот беше проценет од страна на НАСА и Кокино сега се наоѓа на четвртото место од кратката листа најстари опсерватории во светот. Веднаш под врвот, засечените гранитни карпи и рачно исклесаниот трон го сочинуваат она што се смета за македонски Стоунхенџ, една од најголемите праисториски опсерватории во светот - единствената досега откриена во Источна Европа, која се споредува со Ангкор Ват во Камбоџа и Абу Симбел во Египет.

Како момчиња во потрага по богатство, Ѓоре и Јовица се движеа низ локацијата, возбудено покажувајќи кон секој маркер или засек, несвесни за огромната жештина, изнесувајќи ги своите теории. Ова било, како што веруваат, направено од пагански култ во еден од првите познати напори за создавање календар. Слично на познатите сцени во филмот „Јавачите на загубената арка", сонцето тука би се искачило на солстицијот и би испуштало зраци низ засеците во карпите. Потоа сончевите зраци ќе го осветлеле лицето на највисокиот свештеник, покажува нивната теорија, кој седел на камениот трон. Средбата на сонцето и планината претставува брак на два бога, и во тој момент почнувале серија жртвувања - на коњи, бикови, овни, кози, па можеби и луѓе. Пролеаната крв би ја оплодила земјата, ветувајќи изобилие во претстојната

en relation

  • Histoire
    261 mots | 2 pages
  • Histoire
    850 mots | 4 pages
  • Histoire
    298 mots | 2 pages
  • Histoire
    295 mots | 2 pages
  • Histoire
    603 mots | 3 pages
  • Histoire
    1016 mots | 5 pages
  • Histoire
    348 mots | 2 pages
  • Histoire
    1644 mots | 7 pages
  • Histoire
    398 mots | 2 pages
  • Histoire
    544 mots | 3 pages
  • Histoire
    991 mots | 4 pages
  • Histoire
    1179 mots | 5 pages
  • Histoire
    2083 mots | 9 pages
  • Histoire
    874 mots | 4 pages
  • Histoire
    454 mots | 2 pages